МО РФ: Руската ракета „Рубеж“ е одговор на распоредувањето на американските ПРО системи

Интерконтиненталната балистичка ракета РС-26 „Рубеж“ (Граница) претставува одговор на распоредувањето на американскиот систем за противракетна одбрана, соопшти извор од Министерството за одбрана на РФ, пренесува „Интерфакс“.

Интерконтиненталната балистичка ракета РС-26 „Рубеж“ (Граница), која е развиена во Русија, претставува одговор на распоредувањето на американскиот систем за противракетна одбрана и притоа не ги крши барањата на спогодбата за уништување на ракетите со среден и краток дострел, соопшти извор од Министерството за одбрана на РФ, пренесува „Интерфакс“.  

„Американците не изнесоа никакви официјални забелешки што се однесува до РС-26. Затоа што за такви забелешки немаат никаква основа. На американската страна ѝ беа презентирани резултатите од пробните лансирања на РС-26 кои јасно докажуваат дека новата ракета спаѓа во класата на интерконтиненталните балистички ракети“, изјави соговорникот на агенцијата.

Како што истакна изворот, Русија повеќепати ги има предупредено САД „дека распоредувањето на новите американски бази за ПРО во Полска, Романија и во другите европски земји нема да остане без одговор“. Тој додаде дека РС-26 се разликува од РС-24 „Јарс“ по помалиот број елементи и пократкиот дострел.   

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.