Асад предлага Русија да ја претвори ремонтната база во Тартус во воена

Според зборовите на претседателот на Сирија Башар Асад, властите во земјата немаат против Русија да ја претвори ремонтната база за бродови во градот Тартус во воена база, пренесува „Взгљад“.

Според зборовите на претседателот на Сирија Башар Асад, властите во земјата немаат против Русија да ја претвори ремонтната база за бродови во градот Тартус во воена база, пренесува „Взгљад“.  

„Ние го поздравуваме ширењето на руското присуство во источниот дел на Средоземното море, особено покрај нашите брегови и во нашите пристаништа“, го цитира Асад РИА „Новости“.

Според негова проценка, „што се однесува до руското присуство во различни региони на светот, вклучувајќи го и истокот на Средоземното море, во сириското пристаниште Тартус, тоа  е неопходно за оддржување на рамнотежата која беше изгубена по распадот на СССР пред повеќе од 20 години“.

„За нас колку повеќе зајакнува присуството на Русија во нашиот регион, толку постабилен станува тој, затоа што Русија игра многу важна улога во зајакнувањето на стабилноста во целиот свет“, смета сирискиот лидер.

Истовремено тој истакна дека одлуката за претворање на базата за техничка поддршка на ВМФ Русија во воена база зависи од воените и политичките планови на самата Русија.  

Во сирискиот град Тартус на брегот на Средоземното море се наоѓа база за материјално-техничка поддршка на  ВМФ РФ. Во советско време овде беше стационирана база на воената флота на Советскиот Сојуз.  

Според весникот „Взгљад“, во Средоземното море веќе неколку години се наоѓа американската воена флота.  Русија исто така сака да распореди своја флота во регионот, меѓутоа за целосна оперативност ѝ е потребна сопствена база. Сирискиот град Тартус е шанса за Русија да добие сопствена база. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња