САД со висок процент на веројатност можат да ја применат технологијата на „обоените револуции“ против Русија, соопшти Советот за Безбедност на РФ.
При реализацијата од страна на Вашингтон на одредбите на обновената Стратегија за национална безбедност на САД „сѐ поширока примена за отстранување на политички режими неподобни за САД ќе добијат усовршените технологии на „обоените револуции“ со голема веројатност за нивна употреба против Русија“.
Стратегијата за национална безбедност на САД е очигледно антируски настроена и прикажува негативна слика за Русија, велат од Советот.
Во февруари САД усвоија нова стратегија за национална безбедност. „Анализата на Стратегијата што ја спроведе апаратот на Советот за безбедност на Руската Федерација покажува дека, за разлика од претходната верзија од 2010 година, оваа има очигледно антируска ориентација и прикажува негативна слика за нашата земја“, се наведува во соопштението.
Советот за безбедност на Русија исто така истакна дека Соединетите Американски Држави имаат намера да продолжат да водат политика на светска дискриминација и да ги зголемуваат борбените капацитети на НАТО. Воената сила ќе биде главното средство за обезбедување на американските интереси, се вели во соопштението.
„Во долгорочна перспектива САД во соработка со своите сојузници ќе продолжи да спроведува политичка и економска изолација на Русија. Меѓу другото, тие ќе се обидат да ги ограничат нејзините можности за извоз на енергенси и да ги истиснат нејзините производи за воена намена од сите пазари, како и да создадат потешкотии за производство на високотехнолоши производи во Русија“, смета Советот за безбедност на Руската Федерација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче