Русија и Јордан потпишаа договор за изградба на нуклеарна централа

Јордан и Русија потпишаа меѓувладина спогодба за соработка во изградбата на нуклеарна централа во Јордан, пишува „Интерфакс“.

Јордан и Русија потпишаа меѓувладина спогодба за соработка во изградбата на нуклеарна централа во Јордан, пишува „Интерфакс“.

Документите беа потпишани од првиот човек на „Росатом“, Сергеј Кириенко, и претседателот на Комисијата за атомска енергија на Јордан Халид Тукан.

„Сакам да потенцирам дека „Росатом“ и рускиот нуклеарен сектор гледаат на поканата и доверувањето од страна на Јордан за изградба на првата нуклеарна централа во оваа земја како голем глас за доверба“, изјави Кириенко.

Тој рече дека Русија ќе го употреби „целото насобрано искуство со цел да се изгради најнапредната и најбезбедна нуклеарна централа“.

Кириенко исто така рече дека „Росатом“ ги презема обврските за заедничко собирање средства за проектот и за заедничко обезбедување на неопходната инвестиција.  

„Росатом“ го потпиша прединвестицискиот договор за нуклеарната централа в Јордан во септември 2014. Договорот предвидува реализација на договорот, вклучувајќи развој на систем за водно ладење, анализа на енергетскиот пазар, проценка на местото и подготовка на студија за влијанието врз животната средина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња