На Арктикот почна тестирањето на руските беспилотни летала

Припадниците на единиците на Источниот воен округ стационирани на Чукотка почнаа со тестирање на беспилотни летала во арктичката зона, пренесува РИА „Новости“.

Припадниците на единиците на Источниот воен округ стационирани на Чукотка почнаа со тестирање на беспилотни летала во арктичката зона.

„По реализацијата на летовите и ставање на леталата во употреба, единиците ќе вршат задачи за контрола на теренот, помеѓу другото и во најблиската поморска зона. Исто така ќе започне и реализација на летови во реони во кои се базирани арктичките единици на Источниот округ на островот Врангел ‘ртот на Ото Шмит“, сопшти прес-службата на Источниот воен округ, а пренесува РИА „Новости“. 

Војниците се обучени во центарот за обука на специјалисти за управување со беспилотни летала во Московската област. 

Претходно беше соопштено дека Русија до крајот на 2014 година планира проширување на воената формација во арктичката зона. На островот Котелни ќе биде распоредена 99 тактичка група, додека 80 посебна пешадиска моторизирана бригада ќе биде базирана во населбата Алакутри во Мурманската област. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња