Литванските сили за брза реакција и авијацијата на НАТО ги примија маневрите на руската армија и воено-поморската флота како почеток на борбена операција, соопшти „Балтњуз“.
Како што пишува изданието, Вооружените сили на Литванија заедно со воздушната патролна мисија на НАТО се наоѓале во состојба на зголемена борбена готовност во текот на маневрите на трупите на РФ. Исто така се истакнува дека војниците и офицерите се наоѓале на места за постојана дислокација, борбената техника била подготвена да тргне за еден час.
„Ние бевме полни со решеност да му дадеме адекватен одговор на агресорот доколку тој ја наруши државната граница на Литванија„, изјави командантот на армијата на Литванија генерал-мајор Јонас-Витаутас Жукас, истакнувајќи дека во маневрите кои се одржувале во Калининградската област, бројот на војници што учествувале бил поголем од вкупниот број на војници на сите балтички земји (Литванија, Летонија и Естонија).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче