Кремљ: Врз Киев треба да се применат санкции

Портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков изјави дека против Киев треба да бидат уведени санкции, пишува ТАСС.

Логиката на настаните диктира примена на санкции врз Киев поради неисполнување на Минската спогодба, сметаат во Кремљ. „Но, единствено што можеме е да изразиме жалење во врска со тоа што оваа очигледна логика никој не сака да ја почитува“, истакна Дмитриј Песков, портпарол на претседателот на Русија.

„Напротив, продолжи Дмитриј Песков, — сите се обидуваат да ја обвинат Русија за сите смртни гревови, што пак обратно, противречи на логиката на развојот на настаните. Во дадениов случај не може да има какви било официјални обраќања до Берлин и Париз со апел да влијаат на Киев. Русија, Германија, Франција – тоа се земјите кои се гаранти на Минската спогодба, а кои не се учесници во конфликтот“.

Портпаролот Песков потсети дека на Минската спогодба своите потписи ги ставија шефовите на наведените држави. Во Минск тие ги гарантираа онаа конкретна спогодба која беше потпишана од претставниците на Киев во присуство на претставници на ОБСЕ.

„Сите земји треба да сносат свој дел од одговорноста за обезбедување на исполнување на условите, ги цитира ТАСС зборовите на Песков. – Игнорирањето на неисполнувањето од една од страните во Минската спогодба не придонесува за нормализација на ситуацијата, туку за сосема обратното“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња