Сеп Блатер: СП 2018 во Русија ќе ја стабилизира ситуацијата во регионот

Одржувањето на Светското првенство во фудбал во 2018 година во Русија ќе помогне да се стабилизира ситуацијата во регионот, смета претседателот на ФИФА Сеп Блатер.

Одржувањето на Светското првенство во фудбал во 2018 година во Русија ќе помогне да се стабилизира ситуацијата во регионот, смета претседателот на ФИФА Сеп Блатер.

„Според мене, Светското првенство 2018 во Русија ќе може да ја стабилизира ситуацијата во овој регион на Европа во кој сега владее нестабилност“, изјави Блатер, а пренесува „Франс Прес“.

Претседателот на ФИФА изрази увереност дека Русија може да биде домаќин на Мундијалот и се изјасни против бојкот поради конфликтот во Украина.

Претседателот на Украина Петро Порошенко претходно изјави дека Светското првенство во фудбал 2018 година треба да се бојкотира сѐ додека конфликтот на југоистокот на Украина не биде регулиран.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња