Романија во април може да се откаже од увозот на гас од Русија, соопштува РИА „Новости“ повикувајќи се на романското издание на „Економика“ (Есоnomica). Според весникот, откажувањето од увоз на руски гас стана возможно благодарение на намалувањето на специфичната потрошувачка од страна на индустријата, како и на инвестициите за енергетска ефикасност.
„Романија првпат во неколку децении може да се откаже од увоз на руски гас. Во април 2015 година, како и во неколкуте следни месеци потрошувачката на населението ќе биде во целост покриена за сметка на внатрешните ресурси“, пишува „Економика“.
Во моментов годишната потрошувачка на гас во Романија изнесува 10-11 милијарди кубни метри, од кои 400 милиони се увезуваат од Русија. Во 2007 година потрошувачката изнесуваше 18 милијарди кубни метри, од кои се увезе една третина со вкупна вредност од 4-5 милијарди долари. По 2007 година импортерите на гас трошеа за набавка до 500 милиони долари годишно.
Изданието истакнува дека во моментов илјада кубни метри руски гас чинат 380 долари наспроти 200 долари за романски гас.
Извозот на руски гас во Романија се врши според два важечки до 2030 година долгорочни договори со компаниите Conef Energy и WIEE. Природниот гас го зазема првото место во потрошувачката на гориво и енергетски ресурси во Романија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче