Пушков: „Исламската држава“ е најважното „достигнување“ на Обама

Претседателот на комитетот на Државната дума за меѓународни работи Алексеј Пушков смета дека „Исламската држава“ е резултат на политиката на САД, пренесува РИА „Новости“.

Најважниот резултат на американската политика на „лидерство“ е појавата на терористичката организација „Исламска држава“ која освои територии на Ирак, Сирија, Либија и Јемен, смета претседателот на комитетот на Државната дума за меѓународни работи Алексеј Пушков, пренесува РИА „Новости“.  

„ИСИЛ веќе дејствува во Ирак, Сирија, Либија, Јемен. Тоа е најевидентниот приказ на резултатите од американското „лидерство“ и најважното „достигнување“ на Обама, напиша на својот Твитер-профил Пушков.

Широката експанзија на ИД која освои значителна територија на Ирак и Сирија стана еден од најголемите проблеми во 2014 година. Групата која според податоци на американската ЦИА брои околу 30 илјади борци, на освоените територии прогласи „калифат“ и се стреми да ги продолжи своите освојувања. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња