Кина ја поздравува одлуката на Русија да стапи во АБИИ

Кина ја поздравува одлуката на Русија да стапи во Азиската банка за инфраструктурни инвестиции, изјави министерот за финансии на Кина Лу Јивеи, пренесува РИА „Новости“.

Претседателот на Кина Си Ѓинпин ја поздравува одлуката на Русија да стапи во Азиската банка за инфраструктурни инвестиции (Asian Infrastructure Investment Bank, AIIB) формирана од Кина, изјави министерот за финансии на Кина Лу Јивеи, пренесува РИА „Новости“.

Претходно првиот вицепремиер на РФ Игор Шувалов изјави, настапувајќи на отворањето на Азискиот економски форум, дека Русија донела одлука да учествува во капиталот на АБИИ.

„Претседателот на Кина ја поздрави одлуката на Русија да влезе во Азиската банка за инфрастуктурни инвестиции. Јас од името на моето министерство од кинеска страна исто така изразувам искрена благодарност за визијата на претседателот Путин и за укажаната поддршка на АБИИ од страна на Русија“, изјави министерот за финансии на Кина во текот на руско-кинескиот деловен дијалог на маргините на економскиот форум во Боао.

AБИИ беше формирана во 2014 година на иницијатива на Кина. Целта на банката е финансирање на инфраструктурни проекти во Азиско-Тихоокеанскиот регион (АТР). Основачкиот капитал на банката изнесува 100 милијарди долари. На договорот за основање на банката се придружија 27 земји, од кои околу 20 се земји од АТР. Желба да влезат во оваа структура искажаа низа водечки европски економии, меѓу кои се Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Швајцарија и Луксембург.

Експертите ја гледаат АБИИ како потенцијален конкурент на ММФ и Светската банка кои се со седиште во САД. По информацијата за успехот на АБИИ министерот за финансии на САД Џејкоб Лу предупреди дека на меѓународните финансиски организации во САД, како што се СБ и ММФ, им се заканува губење на довербата во нив. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња