Претседателот на Русија Владимир Путин ги смета за „бадијала работа“ обидите да ѝ се усложни животот на Русија однадвор. „Се разбира, ние ќе им преодолееме на сите тешкотии кои се обидуваат да ни ги уфрлат однадвор“, изјави тој на митингот „Ние сме заедно“ посветен на годишнината од враќањето на полуостровот во состав на Русија. „Тоа е само бадијала работа во врска со Русија“, пренесува ТАСС.
Претседателот Путин истакна дека зајакнувањето на земјата ќе продолжи. „Ние ќе им преодолееме на сите тешкотии кои толку лесно си ги создаваме самите на себе во последно време“, истакна шефот на државата. „Ви благодарам за поддршката, им се обрати Путин на насобраните. – Да живее Русија!“
„Ние сфативме дека во врска со Крим станува збор не само за некаква си територија, дури ни стратешки важна. Станува збор за милиони руски луѓе, за милиони наши земјаци на кои им е потребна нашата помош и поддршка“, изјави претседателот. „Сфативме колку е важно тоа за нас. Сфативме дека не станува збор едноставно за територија каква имаме доволно, станува збор за историските извори на нашата духовност и државност, станува збор за она што нѐ прави единствен народ и единствена сплотена нација“ истакна тој.
Путин напомна дека точно пред една година, кога беше потпишан договорот за влегување на Крим и Севастопол во состав на РФ, рускиот народ демонстрирал „неверојатна прибраност, неверојатен патриотизам во поддршката на Кримјаните и севастополците да им се вратат на родните брегови“.
„Ние тогаш сите заедно со лавата и срцето сфативме и почувствувавме колку е важна за нас врската меѓу генерациите и времето, колку многу направиле нашите херојски предци за нашата земја“, истакна шефот на државата.
Русија ќе прави сѐ што зависи од неа за да воспостави нормални меѓудржавни односи со Украина, потенцираше Путин.
„Се разбира, екстремниот национализам секогаш е штетен и опасен. Убеден сум дека украинскиот народ ќе даде подостојна и пообјективна оценка за работата на оние кои ја доведоа земјата до таква состојба во која таа се наоѓа денес“, изјави рускиот лидер.
Путин притоа потенцираше дека во Русија отсекогаш се сметало дека Русите и Украинците се еден народ. „Јас и сега мислам така“, истакна шефот на државата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче