На денешен ден пред 50 години, на 18 март 1965 година, советскиот космонаут Алексеј Леонов првпат во историјата на човештвото излезе во отвореното вселенско пространство.
Тој помина 12 минути и 9 секунди надвор од орбиталниот вселенски брод „Восход-2“. Притоа Леонов едвај ја избегнал смртта, затоа што безвоздушниот простор скафандерот „Беркут“ се надувал и го спречувал да се врати на бродот. За да си го спаси животот, космонаутот морал да ги прекрши инструкциите од тоа време. Леонов го спуштил притисокот во скафандерот на минимум и во леталото влегол со главата, а не со нозете, како што било предвидено.
Леонов, кој минатата година наполни 80 години, се сеќава дека во вселената најголем впечаток му оставила тишината. „Сосем јасно слушнав како ми бие срцето. И дишењето си го слушнав. Тоа дури и ми пречеше да мислам“.
Дишењето на Леонов е снимено и подоцна таа снимка е искористена во научнофантастичиот филм на Стенли Кјубрик „Вселенска Одисеја 2001“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.