Путин се појави во јавност

Прес-секретарот на претедателот на РФ Дмитриј Песков со иронија одговори на гласините за „исчезнувањето“ на Владимир Путин, пренесува РИА „Новости“.

Излегувајќи пред новинарите во Константиновскиот дворец каде што се одржува средбата на претседателите на Русија и Киргизија, портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков ги наброја сите гласини околу Владимир Путин кои се појавија во последно време во медиумите.

„Претседателот, целиот скршен од парализа, затворен од генералите, го видовте ли? Штотуку долета од Швајцарија каде што роди, како што е познато“, ги цитира зборовите на Песков РИА „Новости“.   

Коментирајќи го прашањето на странски новинар за доаѓањето на странски лекар во посета на Владимир Путин, Песков со насмевка одговори: „Да, и тој беше меѓу генералите кои го затворија Путин“.


Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња