Хаосот во Украина му беше потребен на Вашингтон не за да им помогне на нејзините граѓани, туку геополитички да ја ослаби Русија и да го собори нејзиното сегашно раководство, изјави претседателот на Американскиот универзитет Едуард Лозански за агенцијата „Спутник“.
„Се случи судбината на планетата сега да се решава во Украина не толку од самите Украинци, колку од САД, ЕУ и Русија, чии геополитички интереси се судрија во тој регион“, истакна тој.
Експертот потенцира дека Минската спогодба предвидува барем мали шанси да се одбегне воена конфронтација која ризикува да го уништи целиот свет.
„Не е тајна дека крвавиот хаос во Украина беше создаден не за да им се помогне на нејзините граѓани, туку геополитички да ја ослаби Русија и да го собори нејзиното сегашно раководство, закривајќи се под благородни слогани за промовирање на слободата, демократијата и другите западни вредности“, смета Лозански.
На тој начин тие што ја направија оваа каша сметаат дека додека тие цели не бидат постигнати, војната во Украина треба да продолжи, дури и ако тоа прерасне во отворен конфликт меѓу Русија и Западот.
„Јастребите на војната“ не разбираат дека нивната политика е спротивна на долгорочните стратешки интереси на САД и го претвораат толку важниот потенцијален сојузник како Русија во опасен противник“, убеден е Лозански.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче