Јацењук: Украина се наоѓа во состојба на војна со Русија

Украина се наоѓа „во состојба на војна со Руската Федерација“, изјави украинскиот премиер Арсениј Јацењук, пренесува „Цензор.net“.

Украина се наоѓа „во состојба на војна со нуклеарна држава, каква што е Руската Федерација“, изјави украинскиот премиер Арсениј Јацењук, давајќи отчет за стоте дена работа на владата.

„Никој, дури ни од нашите западни партнери, не веруваше пред осум месеци дека нашата армија, која беше во целост уништена од режимот на Јанукович, ќе може да одбива десетици илјади руски терористи и војници на Русија“, ги цитира зборовите на Јанукович „Цензор.net”.

Токму со тоа, според мислењето на Јацењук, Украина докажа дека „е достоинствена европска држава“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.