Вицепремиерот и министер за економија на Полска Јануш Пехочински изјави дека конфликтот во Украина негативно влијаел врз економијата на Европа, особено врз побарувачката на стоки и девизниот курс.
Тој го потенцираше падот на побарувачката за полските производи. „Според категориите на стока кои се најдоа под руско ембарго, нашата трговија претрпи загуби во износ од околу 500 милиони долари“, изјави Пехочински во интервју за „Полско радио“, пренесува РИА „Новости“.
Полскиот вицепремиер предупреди и за ризикот од хуманитарна катастрофа во Украина. Според него, Европа треба да биде подготвена за секаков развој на настаните, меѓу другото и за голем број украински бегалци.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче