Амбасадата на Русија во Шведска, коментирајќи ги критиките на шефицата на дипломатијата на Шведска на адреса на надворешната политика што ја спроведува Русија, дека наводно претставува закана за Шведска и цела Европа, укажа на едностраните изјави на министерката, информира РИА „Новости“.
Министерата за надворешни работи на Шведска Маргот Валстром во статија за шведскиот весник „Свенска Дагбладет“ (Svenska Dagbladet) напиша: „Политиката што ја спроведува Москва во денешно време претставува најголем проблем за Европа уште од времето на студената војна".
Амбасадата на Русија во Шведска, коментирајќи ја статијата, истакна дека во неа не е наведено главното – причината која ги поттикна сите украински настани. „А тоа токму желбата на Западот, вклучително и на Шведска како иницијатор на „Источното партнерство“ на ЕУ, на сите начини да го протнат Киев во Европската унија. Како главен лост се покажа државниот преврат, насилната смена на власта што ја втера Украина во понорот на граѓанската војна“, коментира Амбасадата на Руска во Шведска на својата Фејсбук-страница.
„Како што велат во Русија, „треба да се танцува подалеку од печката“, а не еднострано и субјективно да се извртуваат фактите според претходно подготвено сценарио и да се обвинува Русија за сите „смртни гревови“, заклучува амбасадата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче