За долгорочно решение на конфликтот во Донбас потребно е не само прекин на огнот, туку и помирување во самото општество, пишува во статијата за „Њузвик“ (Newsweek) поранешниот министер за приходи и давачки на Украина, основач на општествената иницијатива „Обнова на Донбас“ Александар Клименко, пренесува РИА „Новости“.
За да се воспостави мир во Украина треба да се отстрани расколот што настана во секојдневниот живот на жителите кои говорат на „различни јазици, во директна и преносна смисла“. Според него, за тоа може да придонесе Комисија за правда и помирување слична на онаа што беше формирана во ЈАР од страна на Нелсон Мандела. Притоа дипломатската иницијатива треба да се основа на низа реформи.
Како прво, пишува Клименко, на Украина ѝ е потребна децентрализација која на зборови ветија дека ќе ја спроведат многумина лидери, вклучувајќи го и Петро Порошенко. „Степенот на учество на населението во политичкиот живот секогаш е обратнопропорционален на ризикот за конфликт“, истакнува авторот.
Како второ, владата на Украина треба да го стимулира економскиот развој на регионите за да се избегнат спорови за тоа „кој кого храни“. Како опција, можно е формирање посебни економски зони.
Како трето, пишува Клименко, Украина треба да остане вонблоковска и неутрална држава. „Влегувањето на Украина во НАТО се чини несоодветно на сегашната ситуација и, веројатно, само ќе го продлабочи конфликтот. Место тоа лидерите н Украина треба да се стремат кон нормализација на односите со Русија во рамките на асоцијацијата потпишана со Европската унија“, истакнува авторот. Според него, Украина треба да стане мост меѓу Истокот и Западот, а не јаболко на раздорот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче