Директорот на Федералната служба за безбедност на Русија Александар Бортников денес информираше за приведувањето на двајца осомничени за убиството на Борис Немцов, пренесува INTERFAX.RU.
„Како резултат на работата, денеска се приведени двајца осомничени за извршување на наведеното кривично дело – тоа се лицата Кубашев Анзор и Дадаев Заур, за што е информиран и шефот на државата“, изјави тој на програмата на Првиот канал.
Бортников прецизираше дека осомничените се жители на Кавказ. „Во моментов продолжуваат оперативните и неопходни истражни мерки“, додаде првиот човек на ФСБ.
Имињата на приведените осомничени за убиството на Немцов ништо не значат за неговиот колега, копретседателот на РПР-ПАРНАС Михаил Касјанов кој изјави дека не ги познава тие луѓе.
„Оваа информација ништо не ми кажува, јас не ги познавам тие луѓе“, изјави Касјанов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче