Европската унија нема да си дозволи да биде вовлечена во конфонтативен пристап кон односите во Европа, вклучително и со Русија.
Ова е изјавата што ја пренесува ТАСС, а дадена од високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини по завршувањето на неформалната средба на шефовите на дипломатиите на 28 земји-членки на заедницата.
„ЕУ денес е извонредно реален во однос на развојот на настаните во Русија и ние никогаш нема да паднеме во стапица, нас никогаш насила нема да не вовлечат во конфронтација“, изјави таа. „Ние, како и претходно, сметаме дека како надвор од нашиот континент, така и во него, соработката е многу подобро решение од конфронтацијата“, истана Могерини.
Претходно, Могерини изјави дека ЕУ ја смета Русија за „сосед на своите соседи“ со кого има намера да ги развива односите со „соседите на своите соседи“ и дека европската политика на соседство „не е насочена против нивните интереси“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче