Претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша указот за 10% намалување до крајот на 2015 година на платите на претседателот на Русија, претседателот на владата на РФ, ако и на генералниот обвинител и претседателот на Истражниот комитет на Русија. Ова го соопшти прес-службата на Кремљ, пренесува ТАСС.
„Се исплатува од 1 март до 31 декември 2015 година на претседателот на Руската Федерација, претседателот на владата на Руската Федерација, ... генералниот обвинител на Руската Федерација и претседателот на Истражниот комитет на Руската Федерација парична награда, месечен паричен стимул и квартален паричен стимул со намалување од 10 проценти“, се наведува во указот на шефот на државата.
Со други укази Путин им ги намали за 10% платите на администрацијата во Кремљ, во владиниот апарат, како и во Сметководствената комора на РФ.
Притоа намалувањето на платите на шефот на државата, премиерот, првите луѓе на Генералното обвинителство и СК РФ важи од1 март, а за администрацијата на претседателот, Сметководствената комора и владиниот апарат – од 1 мај.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче