„Доколку бидат исцрпени сите други шанси за постигнување политичко решение, јас не ја исклучувам таа варијанта“, рече претседателот на комитетот за меѓународни работи на Советот на Федерацијата Константин Косачев во интервју за „Комерсант ФМ“, одговарајќи на прашањето за тоа дали Русија треба да поддржи формирање на „независна Новорусија или ДНР-ЛНР“, доколку таква одлука објават властите на прогласените републики, пренесува ТАСС.
Истовремено парламентарецот потенцираше дека одлуката за понатамошната судбина на овие територии треба да се донесе на база на заемно почитување на интересите на спротивставените страни.
Русија не треба да каже овде: „Не, вие задолжително треба да бидете територијално цела држава“, или „Не, вие никогаш нема да бидете територијално целосна држава, вие треба да се раздружите“, или „Само федерализација“, или „Само автономизација“ или „Само децентрализација“, истакна Косачев. И обрнете внимание дека ние немаме таков пристап, и претседателот многупати кажа, и министерот за надворешни работи кажа: „Диверзитет. Најважно е финалната варијанта да биде предмет на заемно задоволство и согласност“. Шансата за тоа „е колосална, тоа е единственото што треба да го поддржат и Русија, и Соединетите Американски Држави, и Европската Унија, и НАТО, и сите останати“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче