Министерството за надворешни работи на Украина престана да ги акредитира руските новинари. Ова за ТАСС беше соопштено во прес-службата на министерството.
„Од оваа недела не ги акредитираме руските медиуми (на настани организирани од МНР)“, изјавија од прес-службата како одговор на барањето да му се дозволи на дописникот на ТАСС да присуствува на конференцијата за медиумите на министрите за надворешни работи на Украина Пав Климкин и на Велика Британија Филип Хамонд. Минатата недела на брифинзите на министерството важеше акредитацијата на ТАСС.
Пратеникот на МНР РФ за човекови права, демократија и владеење на правото Константин Долгов го нарече овој потег деструктивен. „Ова е апсолутно контрапродуктивна одлука, апсолутно неоснована(...) Чистката на информативниот простор, како што гледаме, продолжува. Ова е чистка на незгодните руски медиуми“, истакна тој.
Минатата недела времено беше запрена акредитацијата на новинарите на РИА „Новости“ и ТАСС во Врховната рада на Украина. Агенцијата „РБК-Украина“ соопшти за заострување на критериумите за акредитирање.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче