Брисел потполно се согласува со позицијата на Москва дека мирното решение на југоистокот на Украина може да биде основа за омекнување на заемните санкции на Русија и ЕУ, изјави министерот за економски развој на РФ Алексеј Уљукаев.
„Јас секако го покренав тоа прашање на неколку рамништа. Прво, на рамништето на потребата од постигнување политички напредок, кога гледаме дека Минската спогодба во практика се реализира, кога тензиите спласнуваат, се случува реално раздвојување на спротивставените страни. Тоа е основа за страните да ги ревидираат деструктивните мерки што ги применија“, им изјави Уљукаев на новинарите по средбата со еврокомесарот за трговија Сесилија Малмстрем.
Според неговите зборови, Малмстрем во целост ја споделува позицијата на Русија по ова прашање.
Уљукаев додаде дека во текот на разговорот со Малмстрем го покренал прашањето на правно рамниште. „Станува збор за тоа, колку во целина примената на економските ограничувања, санкциите, предизвикани не од економски, туку од политички причини, - колку во целина тоа соодветствува на правилата и обичаите на СТО", изјави Уљукаев.
Според него, за ова прашање сѐ уште ќе се дискутира во текот на понатамошните средби.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче