Русија размислува да дозволи набавка на прехранбени суровини од Европа

Москва ја разгледува можноста за увоз на прехранбени суровини од западните земји, изјави за весникот „Известија“ прес-секретарот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, а пренесува INTERFAX.RU.

Москва ја разгледува можноста за увоз на прехранбени суровини од западните земји. Ова го изјави за весникот „Известија“ прес-секретарот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, коментирајќи го барањето на владата на Грција да се повлече забраната за увоз на некои видови земјоделски продукти, пренесува INTERFAX.RU.

Тој истакна дека Русија, како членка на СТО, не може да ослободи една од европските земји од санкциите кои ги има воведено против ЕУ.

„Во наведениот случај би можело да се сработи шема не за директна набавка, туку за набавка на суровини за преработка за инвестиции овде на територијата на Русија кои се однесуваат на претпријатија за преработка на храна“, изјави Песков.

Како што напомна прес-секретарот, во февруари 2015 година во текот на посетата на Будимпешта претседателот на РФ Владимир Путин изјави дека, без оглед на санкциите, земјоделските претпријатија на Унгарија и Русија ќе можат да соработуваат. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња