РФ, Украина и ЕК ќе дискутираат за условите за испорака на гас за Донбас

Условите за испорака на гас за Донбас и реализацијата на „зимскиот пакет“ за снабдување со јаглеводородни суровини за Украина денеска ќе бидат дискутирани на трилатералната средба во седиштето на Европската комисија во Брисел, пренесува ТАСС.

На средбата ќе учествуваат министерот за енергија на Русија Александар Новак, министерот за енергија и јаглена индустрија на Украина Владимир Демчишин, претседателот на „Гаспрома“ Алексеј Милер, првиот човек на „Нафтогас“ Андреј Коболев и заменик-претседателот на ЕК по прашања за Енергетската унија Марош Шефцович.

Ова е прва средба во таков формат од 31 октомври 2014 година. Тогаш страните ги усогласија условите во однос на „зимскиот пакет“ за испорака на гас за Украина врз база на аванс за период до 31 март 2015 година.

Европската комисија смета дека испораката на гас за Донбас треба да се разгледува одделно од испораката за Украина. Оваа позиција може да има сериозни политички последици, затоа што де факто го става под прашање принципот на територијалниот интегритет на земјата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.