МНР на Украина се изјасни за отповикувањето на нивниот амбасадор од Москва

МНР Украина се изјасни за денеска објавената информација во врска со отповикувањето на амбасадорот од Москва, пренесува РИА „Новости“.

Министерството за надворешни работи на Украина се изјасни за денеска објавената информација во медиумите во врска со отповикувањето на амбасадорот од Москва, истакнувајќи дека тоа било сторено уште пред една година по присоединувањето на Крим кон Руската Федерација,  изјави за РИА „Новости“ претставникот на МНР Украина Евгениј Перебијнис.

Претходно во медиумите се појави информација дека Киев го отповика својот амбасадор во РФ.

„Тоа се случи уште пред една година. Тоа не е вест. Јас бев во програма во живо, мене ме прашаа. Се водеше разговор за нашиот амбасадор. Јас реков дека уште пред една година тој беше отповикан. Тие го објавија како вест, но тоа не е вест. Тој беше отповикан веднаш по анексијата на Крим“, рече Перебијнис.

На дополнителното прашање, дали можеби се работеше за отповикување на конзулот, претставникот на украинското МНР одговори одречно.

МНР Украина уште во март минатата година информираше за отповикувањето заради консултации на амбасадорот на Украина во Руската Федерациja Владимир Елченко во врска со ситуацијата околу Крим и потребата од разгледување на некои од нејзините меѓународни аспекти. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.