Претседателот на ФИФА Сеп Блатер изјави дека спрема Рускиот фудбалски сојуз можат да бидат применети санкции доколку во земјата не се решаваат проблемите со појава на расизам на стадионите, пренесе „Асошиејтед прес“.
„Се разбира, ние сме загрижени за овој проблем. Се разбира, потребна е едукативна програма за борба со расизмот и доколку оваа појава не исчезне, ќе треба да се воведат санкции. Расизмот е еден од проблемите кој постојано е на агендата. Со тоа треба да се бориме“, изјави Блатер.
Претходно организацијата „Фудбал против расизмот во Европа“ (FARE) објави извештај во кој се опишуваат проблемите со расизмот и ксенофобијата во рускиот фудбал. Во документот се наведени 200 случаи за дискриминаторско однесување на навивачите.
Од 8 јуни до 8 јули 2018 година на 12 стадиони во 11 градови во Русија ќе се одржи светското првенство во фудбал.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче