Истрагата нуди 3 милиони рубли за корисна информација за убиството на Немцов

Истрагата за убиството на Немцов е подготвена да плати награда од 3 милиони рубли за корисна информација, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.

„Оперативните единици ангажирани за поддршка на истрагата се подготвени да платат  голема награда во износ од 3 милиони рубли за информација корисна за истрагата, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.

Пред тоа Истражниот комитет побара да се јават очевидци на убиството на политичарот Борис Немцов.

Украинската манекенка Ана Дурицкаја, која беше во придружба на Немцов кога беше убиен политичарот, се наоѓа под засилени мерки на безбедност.  „Ана престојува во домот на еден приврзаник на Немцов. Таа е чувана и не ѝ е дозволено движење“, изјави незиниот адвокат Вадим Прохоров.

„Досега таа ги даде сите потребни изјави, ние учествувавме во истражната постапка. Затоа уште вчера Ана испрати официјално барање до украинскиот конзул барајќи помош за враќање во Киев во најкраток можен рок“, рече адвокатот.

Доцна во саботата, на 28 февруари, беше откриен видеозапис од убиството на Немцов од камера која го снимала Москворецкиот мост.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња