Организаторите на антикризниот марш „Пролет“ планиран за 1 март во Марјино решија да го откажат. Тие планираат да одржат митинг на жалост во врска со убиството на политичарот Борис Немцов. По тој повод тие планираат денеска да разговараат со московската управа.
Ова за ТАСС го изјави еден од организаторите на митингот, копретседателот на партијата РПР-Парнас Михаил Касјанов.
„Донесена е одлука да се откаже маршот на 1 март и да се одржи марш на жалост во центарот на Москва“, изјави тој. „По тој повод ние веќе стапивме во контакт со управата на Москва“, додаде Касјанов.
Истовремено тој прецизираше дека панихидата и погребот на Немцов „не се поврзани со планираниот марш на жалост“.
Раководителот на одделот за регионална безбедност на град Москва Алексеј Мајоров соопшти дека „според законот не може место за утре најавениот антикризен марш да се одржи митинг на жалост“.
Тој истакна дека „измена на форматот на манифестацијата во рамките на 54-от федерален закон веќе е невозможна (според роковите), туку само во рамките на некакви други договори“. Претставникот на управата одби да го коментира прашањето колку е можно да се постигне таков договор.
Акцијата на опозицијата договорена со управата на главниот град требаше да се одржи во Марјино. Еден од нејзините организатори и планирани говорници беше копретседателот на партијата РПР-Парнас Борис Немцов, убиен синоќа во центарот на Москва.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче