Дмитриј Бирјуков, претседател на Комисијата за развој на информатичкото општество, медиумите и масовните комуникации при Граѓанската комора предложи да се обврзи интернет-пребарувачот да одвојува средства за медиумите за прикажување на нивните материјали. Ова го изјави тој на проширената седница на Комитетот за информатичка политика на Државната дума, пренесува РИА „Новости“.
„Во сите европски земји денес фактички постои на еден или друг начин закон или закони кои регистрираат објавување на некаква информација на пребарувач или на веб-локација која била во весник или списание, и тој весник или списание добива утврдена сума. Во Шпанија, на пример, усвоија закон со кој Гугл издвојува 7 проценти од својот приход во земјата за шпанските медиуми“, изјави Бирјуков.
Според него, на тој начин ќе се реализира дополнителна поддршка на руските медиуми.
Тој додаде дека Европската унија веќе подготви соодветни препораки за земјите-членки. Тие се насочени кон унификација од 2016 година на сите законодавства во тој правец и кон тоа странските пребарувачи да им плаќаат на регионалните медиуми, доколку ги споменат.
Законот усвоен во Шпанија во јули минатата година го доби неофицијалниот назив „данок на Гугл“ (Google Tax) и бара да се наплаќа од агрегаторите за вести како што се Гугл Њуз (Google News) кои прикажуваат делови од материјалите на медиумите. Истовремено не е важно дали сервисот има дозвола или не.
Аналогни новински сервиси има и кај руските пребарувачи, како на пример „Јандекс“ (Яндекс), Меил.ру (Mail.ru), Рамблер (Rambler).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче