„Нафтогас на Украина“ му уплати на „Гаспром“ аванс од $15 милиони за испорака на руски гас во март, им соопшти денеска првиот човек на управата на НАК Андреј Коболев на новинарите во Киев. Информацијата е на INTERFAX.RU.
Меѓутоа, при тековното ниво на испорака овој аванс ќе биде доволен само за едно деноноќие.
Министерот за енергија на Русија Александар Новак утринава изјави дека Украина работи на префрлање на средства, но до тој момент средствата сѐ уште не биле уплатени. Според него, до крајот на грејната сезона Киев ќе мора да купи уште 2 милијарди кубни метри гас.
Исто така, тој изјави дека Русија и Европската унија се плашат за обемот на транзитен гас доколку биде прекината испораката на гас за Украина. Според него, веројатност за прекин на испораката постои сѐ до трилатералната средба на 2 март во Брисел (на средбата треба да учествуваат министрите за енергија на Русија и Украина и потпретседателот на Европската комисија за енергија Марош Шефчович).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче