Русија ќе предложи БРИКС да формира Парламентарно собрание

По иницијатива на Русија, во најскоро време може да биде формирано Парламентарно собрание на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина, ЈАР), соопштува весникот „Известија“ повикувајќи се на извор во Државната дума.

По иницијатива на Русија, во најскоро време може да биде формирано Парламентарно собрание на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина, ЈАР), соопштува весникот „Известија“ повикувајќи се на извор во Државната дума.

„Тоа, што посетата на спикерот на Државната дума на Индија се случува првпат после многу време, зборува за нејзината важност. Тоа е важен настан како за Русија, така и за Индија за понатамошниот развој на нашите односи, меѓу другото и во рамките на БРИКС, Ние ќе почнеме со соработка во рамките на формирање на Парламентарно собрание на БРИКС. Тоа ќе биде една од точките на договорот кои ќе се дискутираат таму“, изјавија од Државната дума пред посетата.

Според зборовите на соговорникот на весникот, до моментов меѓупарламентарните односи на Индија и Русија не беа активни, поточно, не беа толку интересни како воената и трговската соработка. Меѓутоа посетата на спикерот на Државната дума Наришкин треба да биде компензација за тоа.

Претходно шефот на Комитетот за меѓународни работи во Државната дума Алексеј Пушков изјави дека делегацијата патува во Индија за да го дополни постојниот формат на БРИКС со парламентарна компонента.

„Одиме да воспоставиме и започнеме парламентарна компонента во рамките на мултилатералниот формат на БРИКС и РИК (Русија-Индија-Кина)“, изјави Пушков за новинарите во авионот кој вчера отпатува од Москва за Њу Делхи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња