Научно-техничкиот совет (НТС) на Роскосмос одобри користење на Меѓународната вселенска станица (МВС) до 2024 година. За ова информираа прес-службата на агенцијата, а пренесува ТАСС.
По завршувањето на користењето на станицата врз база на нејзините монтажни модули се планира создавање на руска орбитална база.
Оваа одлука беше донесена на состанокот на НТС на кој се дискутираше за Концептот на руските вселенски летови со екипаж за периодот до 2030 година и потоа. Како резултат на тоа, советот ги одобри основните одреди на концептот до 2025 година.
Покрај тоа, од прес-службата истакнаа дека Русија ќе биде фокусирана врз проучување на Месечината со помош на беспилотни вселенски летала од лунарната орбита и од нејзината. "На крајот на 2030 година планирано е и испраќање на мисии со екипаж на Месечината“, истакнаа од Роскосмос.
Деталната студија и донесувањето на конечните одлуки се планирани по синтезата на извештаите на раководителите на претпријатијата од ракетно-вселенската индустрија на следните состаноци на НТС.
МВС е меѓународен проект во кој учествуваат 15 земји. Првиот елемент на станицата Русија го лансираше во орбитата на 20 ноември 1998 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче