Испраќањето воени инструктори во Украина од страна на некои земји, пред сѐ од Велика Британија и Полска, нема да помогне во имплементацијата на Минската спогодба и ќе ја влоши ситуацијата, изјави рускиот претставник во НАТО Александар Грушко, соопшти „Интерфакс“.
Мерките што се преземаат од страна на некои земји за обезбедување воена помош очигледно се спротивни на духот и одредбите на Минската спогодба која има за цел да обезбеди долготрајно политичко решение и можат само да доведат до ескалација на ситуацијата во иднина, изјави Грушко во телефонското јавување од Брисел.
Британската команда претходно ги потврди своите намери за испраќање 75 воени инструктори во Украина.
Полска, од своја страна, исто така искажа намера да испрати до 100 воени инструктори во Украина за да ги обучуваат помладите офицери.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче