Европската унија може да стави вето на договорот меѓу Русија и Унгарија за изградба на два енергетски блока на атомската централа „Пакш“, затоа што се плаши од евентуална блокада на можните нови санкции против РФ од страна на Будимпешта. За ова пишува британскиот Фајненшел Тајмс повикувајќи се на свои извори.
Иако Европската комисија не беше против нуклеарниот договор меѓу Унгарија и Русија, договорот за доградба на АЕЦ „Пакш“ предизвика сериозна „загриженост“ кај регулаторните тела на ЕУ, тврди изданието.
Во моментов руско-унгарскиот договор го проучуваат две европски агенции. Едната од нив е Евратом, која сѐ уште ја нема дадено задолжителната во наведениот случај согласност за испорака на гориво за АЕЦ „Пакш“. За договорот исто така се интересира и Европската комисија која ја проверува легалноста на склучувањето договор со „Росатом“ без објавен тендер.
Во Брисел, како што пишува Фајненшел Тајмс, се плашат дека одлуката на премиерот на Унгарија Виктор Орбан да не објави тендер е предизвикана од неговите тесни врски со Москва кои „можат да доведат до противење на Унгарија на обидите за зголемување на санкциите против Русија“.
Притоа во Унгарија, истакнува весникот, се подготвени за „конфронтација со Брисел“. На пример Орбан изјави дека енергетската политика е суверена работа на Унгарија. Унгарската влада исто така искажа мислење дека Европската комисија се обидува да се меша во националната енергетска политика, со што го нарушува суверенитетот на членките на ЕУ.
Во декември 2014 година Русија и Унгарија потпиша договор во вредност од 12 милијарди евра за изградба на два енергетски блока на атомската електроцентрала „Пакш“. За реализација на проектот Москва ќе ѝ даде на Будимпешта кредит во износ до 10 милијарди евра. Средствата ќе бидат наменети за исплата на опремата, работите и услугите за проектирањето, изградбата и пуштањето во работа на енергетските блокови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче