Секој петти Русин признава дека последниов месец морал да купува поевтини производи (20%) или целосно да се откаже од купување на некоја стока (23%), изјавија за „Интерфакс“ од Рускиот центар за испитување на јавното мислење (ВЦИОМ).
Некои почнале да го прават тоа уште пред половина година (16% - да купуваат евтина стока, 18% - се откажале од купување низа стоки) или уште порано (22% и 21% соодветно). Мнозинството испитаници сѐ уште не преминало на слични „антикризни“ мерки. Ова се податоците од анкетата спроведена на 31 јануари и 1 февруари на 1600 лица во 132 населени места во 46 региони на РФ.
Најраширено во моментов е купувањето производи за складирање (39%) и одгледувањето сопствено овошје и зеленчук (33%). Околу третина бараат подобро платена работа или дополнителна работа (33%), ја трошат заштедата за секојдневни трошоци (30%). Четвртина испитаници зема пари на заем од познаници (24%), петтина зема кредит од банка (22%). Само 13% штедат во девизи и 11% продаваат вреден имот или дури и лични предмети.
Според проценките на испитаниците, за половина година цените на стоките и услугите пораснале значително. Пред сѐ, зборуваат за поскапувањето на овошјето и зеленчукот (91%), шеќерот (90%) и месото (89%).
Огромно мнозинство испитаници исто така забележува промена на цените на тестенините, житарките и млечните производи (по 87%), а 85% се жалат дека денес мораат повеќе да даваат за леб (41% зборуваат за голем скок на цените, а 44% - за не многу голем пораст).
За порастот на цената на комуналните услуги зборуваат 75% испитаници (45% од нив забележуваат значително покачување), притоа за половина година ситуацијата практично не се променила (во септември 2014 година така сметаа 77%). Иста е и ситуацијата со бензинот: како и есента минатата година, така и сега неговото поскапување го забележала повеќе од половина испитаници (60% и 61%).
Според зборовите на 60% испитаници, поскапеле и цените на билетите за јавниот превоз, меѓутоа 24% не забележале поскапување на претплатни билети.
Како што покажуваат податоците од анкетата, три четвртини од Русите (76%) самостојно купуваат и водат домаќинство: 38% во целост ги преземаат тие обврски на себе, а 38% ги споделуваат со други членови на семејството. Не се мачат со тави проблеми 23%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче