Посетата на Путин на Унгарија докажува – Русија има сојузници во ЕУ

Посетата на Владимир Путин на Унгарија докажува дека Русија има сојузници во земјите од Европската унија, пренесува РИА Новости.

Посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Унгарија докажува дека Русија има сојузници во земјите од Европската унија. Ова се вели во статијата на Пабло Горонди за Асошиејтед Прес, која ја објави Еј-Би-Си Њуз, а ја пренесува РИА Новости. Според мислењето на авторот, поддршка на Москва, покрај Унгарија, на еден или друг начин ѝ искажуваат Србија, Чешка и Словачка.

Изданието истакнува дека, без оглед на тековниот конфликт во Украина, меѓу низа земји од Источна Европа се забележува пораст на поддршката за Русија. Оваа појава новинарите ја објаснуваат со „идеолошки преференци“, како и со желбата да се избегнат тензии во односите со земјата која ја обезбедува нивната енергетска сигурност.

Според мислењето на авторот, токму прашањата за обезбедување со енергетски ресурси ќе биде во центарот на вниманието на претстојните разговори на унгарскиот премиер Виктор Орбан со рускиот претседател.

Исто така, пишува Горонди, проруски позиции традиционално зазема Србија, која се стреми да се зближи со ЕУ, но истовремено да ги зачува блиските врски со Москва. Токму затоа официјалниот Белград не им се придружи на санкциите на ЕУ, без оглед на притисокот што го имаше од земјите од Западот.  

Понатаму тој истакнува дека меѓу членките на ЕУ има земји кои отворено се залагаат против ограничувачките мерки во однос на Русија, иако, како членки на унијата, ги поддржаа. Во таквите земји спаѓаат Чешка и Словачка кои, покрај тоа, изјавија дека не сакаат да распоредат на своја територија инсталации на НАТО.

Исто така, во статијата се укажува дека дури и во земјите, кои традиционално се критички настроени спрема Русија, има политичари кои се залагаат за ревизија на формираните системи на односи. Така на пример, новинарот ја дава за пример Полска, во која кандидат за претседател од лева партија повика на дијалог меѓу Москва и Варшава. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња