Јункер: Сега не е време за нови санкции

По договорот склучен во Минск сега не е време за нови санкции против Русија, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

По договорот склучен во Минск сега не е време за нови санкции против Русија, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

„Мислам дека, да бидам искрен, под услов да има европски консензус, по склучениот договор во Минск сега не е време за санкции“, им изјави тој на новинарите пред самитот на ЕУ.

И шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини изјави дека е тешко веројатно лидерите на земјите-членки на Европската унија денес да дискутираат за воведување нови санкции против Русија.

Во четвртокот  шефот на Комитетот за меѓународни работи на Думата Алексеј Пушков  изјави дека Париз и Берлин не треба да го стават под знак прашалник договорот кој може да биде постигнат во Минск.

Попладнево претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека во текот на разговорите контакт-групата потпиша документ за мерките, наменети за имплементација на минската спогодба.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња