Шефовите на ДНР и ЛНР го потпишаа предложениот документ од „нормандиската четворка“ за решавање на ситуацијата на југоистокот на Украина. Ова го изјави првиот човек на ЛНР Игор Плотницки, соопштува ТАСС.
Од своја страна, првиот човек на ДНР Александар Захарченко соопшти дека точките во документот, потпишан од учесниците во контакт-групата, бараат дополнително усогласување.
„Сите точки бараат дополнително усогласување, затоа, во случај да бидат прекршени, нема да има никакви нови средби и меморандум“, изјави тој. Притоа тој истакна дека „благодарение на гаранциите на претседателот на Русија, канцеларката на Германија и претседателот на Франција ние денеска потпишавме договор кој, како што се надеваме, ќе им стави крај на борбените дејствија и ќе им дозволи на ДНР и ЛНР да се зафатат со изградба на мирот за доброто на нашиот народ.“
„Со овој чекор ние ќе ѝ помогнеме и на Украина да се промени “, смета првиот човек на прогласената република.
Потоа шефовите на ДНР и ЛНР се вратија во зградата на „Дипсервис Хол“ во Минск, каде што се одржуваше средбата на учесниците во контакт-групата за Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче