Атина нема намера да ги гради односите со Европа низ призмата на украинската криза. Ова го изјави министерот за надворешни работи на Грција Никос Коциас на прес-конференцијата по средбата со шефот на МНР на РФ Сергеј Лавров, пренесува ТАСС.
Грција е против санкции врз Русија, исто така изјави шефот на МНР на Грција. „Расте незадоволството од санкциите врз Русија. Се чини, таков е целиот тренд, рече грчкиот министер. – Ние го поддржуваме ваквото прашање. Цела група земји се залага за ревизија или за нивно омекнување“. Според него, Грција има намера да ја игра улогата на посредник во односите меѓу Русија и ЕУ за решавање на проблемите.
Тој соопшти дека Грција предложила во Брисел напуштање на дискусијата за односите на Русија со ЕУ низ призмата на украинската криза. „Се надеваме дека украинската криза ќе биде решена и ние ќе дојдеме до позитивна агенда“, изјави министерот. „Се надеваме дека во Минск ќе бидат донесени решенија за наоѓање на компромис, рече Коциас. – Ние ќе ги почитуваме тие решенија. Ние ќе ги поддржиме.“
Во Москва се цени конструктивната позиција на Грција за развој на стратешкото партнерство РФ-ЕУ, изјави од своја страна Лавров.
„Дискутиравме за односите меѓу Русија и ЕУ, изјави рускиот министер. Ние ја цениме конструктивната линија на Грција што таа ја зазема во тие процеси, залагајќи се за развој на нашето стратешко партнерство без обид тоа да се политизира, идеологизира или да се принесува како жртва на некои геополитички амбиции на трети земји.“
„Ја потврдивме нашата фокусираност врз промоција на идејата за создавање единствен економски и хуманитарен простор од Атлантикот до Тихиот океан, потпирајќи се врз подеднаква и неделива безбедност во регионот“, истакна Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче