НАТО може да го зголемува присуството на границите на РФ заради трговија

НАТО може да го зголемува военото присуство долж границите со Русија заради идна трговија со Москва, изјави за РИА Новости воено-политички извор.

НАТО може да го зголемува военото присуство долж границите со Русија под изговор на украинската криза за идна трговија со Москва по „одмрзнувањето“ на преговорите за намалување на вооружувањето во Европа, изјави за РИА Новости воено-политички извор. Според него, зголемувањето на „натовското воено присуство долж границите со Русија под изговор на украинската криза е приказна со две страни“.

„Првиот елемент е реалното зголемување на опасниот потенцијал, а вториот елемент е - со оглед на фактот дека во дадениов момент практично сите преговарачки механизми за ограничување, намалување на вооружувањето во Европа се замрзнати - да се создаде таков праг кој би им овозможил на натовските земји да тргуваат со Русија во иднина не за да го намалат својот воен потенцијал, туку да се вратат на онаа стартна позиција од која имаа намера да ги започнат сите тие преговори“, објасни изворот.

Претходно генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата ќе го зголеми бројот на Силите за реакција од 13 на 30 илјади души, а групата со зголемена готовност во нивниот состав ќе има 5 илјади души. Тој исто така истакна дека на формирањето нови командни центри на Алијансата на територијата на земји од Источна Европа не треба да се гледа од страна на Русија како провокација кон неа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња