Заработката на „Калашников“ во 2014 година порасна за 28%

Заработката на концернот „Калашников“, кој e под санкции од САД, на крајот на 2014 година се зголемила за 28%, на 3 милијарди рубли, пренесуваат РИА Новости и Прајм.

Заработката на концернот „Калашников“, кој се најде под санкции од САД, на крајот на 2014 година според руските сметководствени стандарди (РСБУ) се зголемила за 28%, на 3 милијарди рубли, се вели во соопштението на претпријатието кое го пренесуваат РИА Новости и Прајм.

„Во текот на 12 месеци од минатата година Концернот првпат за последните седум години објави чиста добивка од 88 милиони рубли од производната дејност“, се вели во соопштението на претпријатието. Без оглед на санкциите, „Калашников“ речиси двојно го зголеми обемот на производство на огнено оружје на 120 илјади  парчиња.

Почнувајќи од 2014 година „Калашников“ во рамките на прилагодената маркетинг-политика, освојува нови пазари, пред сѐ во Азиско-пацифичкиот регион и во Африка.  „Калашников“ во 2015 година планира да го зголеми обемот на производство за 20-25%. Вкупно до 2017 година претпријатието ќе инвестира во обнова на капиталните средства до 5 милијарди рубли

Во 2014 година бројот на вработени во концернот изнесуваше 4700 луѓе (што е повеќе за 14% од 2013 година), се вели во соопштението на компанијата. Порастот на бројот на вработени во 2015 година ќе изнесува 20%.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.