Почнаа разговорите меѓу Путин, Меркел и Оланд

Во Кремљ траат разговорите на претседателите на Русија, Франција и Германија во врска со ситуацијата во Украина, информира Интерфакс

Во Кремљ траат разговорите на претседателите на Русија, Франција и Германија Владимир Путин, Франсоа Оланд и Ангела Меркел во врска со ситуацијата во Украина, информира Интерфакс.

Како што соопшти за „Интерфакс“ прес-секретарот на претседателот Дмитриј Песков, „преговорите се одржуваат во формат “очи во очи“, без учество на членови на делегациите и експерти.“

Европските лидери пристигнаа во Москва во блиц-посета за да дискутираат за патиштата за решавање на кризата во Украина. Пред средбата на лидерите се одржаа консултации на експертите од трите земји. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња