Во Русија падна портокалов снег

Локалните жители во Саратов станаа сведоци на необична појава – во градот падна портокалов снег.

Локалните жители во Саратов (околн 850 километри од Москва) станаа сведоци на необична појава – во градот падна портокалов снег, информира ИА „Свободние новости“. Во обласниот центар за хидрометеорологија и мониторинг на животната средина го објаснија  настанот со минувањето на циклон од Западна Сахара над регионот.

„Воздушната маса ни дојде од Северна Африка преку Средоземното и Црното море. Воздушната маса од  Сахара, полна со прав, откако примила еден дел песок и  влага, сега паѓа на европскиот дел од нашата земја и Кримскиот полуостров.  А таквата необична боја му ја дава обичниот песок“, соопшти раководителот на регионалната метеоролошка служба Михаил Болтухин.  

Според метеоролозите, портокаловиот снег не претставува никаква опасност – жолто-портокаловиот снег нема да му наштети ни на човекот, ни на животните. „Апсолутно нема потреба од страв. Не паднаа камења“, прецизираше Болтухин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња