Министерството за економски развој на РФ поднесе до владата коригирана прогноза за социјално-економскиот развој на России за 2015 година, информира весникот „Комерсант“. Во неа е маркирана просечната годишна цена на нафтата во однос 50 долари за барел. Според прогнозите на министерството, реалните доходи на Русите ќе се намалат за 9 проценти.
Веќе во 2015 година, согласно оценките на министерството, после громогласното барање на крајот на 2014 година, домаќинствата ќе ја намалат потрошувачката на непрехранбена стока за 10,5 проценти, а на платните услуги – за 5 проценти. Во прв ред граѓаните ќе мораат да се откажат од услугите на адвокатите (минус 8,3 проценти), медицински лица (минус 7,8 проценти), посета на културни манифестации (минус 7,6 проценти) и туристички патувања (минус 6,7 проценти).
Притоа загубите на буџетот од падот на БДП Министерството за економски развој ги процени на 2,35 трилиони рубли. Инфлацијата оваа година ќе изнесува над 12 проценти. Вредноста на одливот на капитал од Русија во министерствто го проценија дека ќе надминува 100 милијарди долари. Реалните доходи на населението ќе се намалат за не помалку од 8 проценти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче