Властите на Москва ветија: „Лужники“ ќе биде реконструиран пред рокот

Реконструкцијата на Големата спортска арена „Лужники“ ќе заврши пред рокот во рамките на подготовките за светското првенство во футбал 2018 година.

Реконструкцијата на Големата спортска арена „Лужники“ ќе заврши пред рокот во рамките на подготовките за светското првенство во футбал 2018 година. Ова, како што известува „Интерфакс“, го изјави заменик-градоначалникот на Москва за прашања на градежна политика и изградба Марат Хуснулин.

„Донесена е одлука за завршување на реконструкцијата на стадионот „Лужники“ пред истекот на рокот. Работите се одвиваат со забрзано темпо, затоа реконструкцијата ќе биде завршена не во 2017 година, како што се планираше претходно, туку во 2016“, изјави тој.

Хуснулин додаде дека „во врска со колебањата на курсевите на валутите и зголемувањето на цените на увозната опрема  самата градежна компанија  е заинтересирана да ги заврши работите побрзо.“

Реконструкцијата се изведува во рамките на подготовките за светското првенство во футбал 2018 година. На „Лужники“ треба, на пример, да се одржат првиот натпревар, едно од полуфиналињата и финалето. Во 2017 година на стадионот ќе се игра Купот на конфедерации.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.