Генералштаб на РФ: Русија ќе одговори на распоредувањето системи за ПРО на САД

Со распоредувањето системи за противракетна одбрана САД ги кршат меѓународните договори за уништување на ракетите од среден и краток дострел и за мерките за понатамошно намалување и ограничување на стратешкото офанзивно вооружување, изјави началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов.

Со распоредувањето системи за противракетна одбрана САД ги кршат меѓународните договори за уништување на ракетите од среден и краток дострел и за мерките за понатамошно намалување и ограничување на стратешкото офанзивно вооружување, изјави началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов. Русија на тоа ќе одговори со опремување на војската и морнарицата со ново наоружување кое е во состојба да го неутрализира потенцијалот на  противракетната одбрана, додаде началникот на Генералштабот. 

Генерал Герасимов на заседанието на колегиумот на Министерството за одбрана на РФ изјави дека само во текот на минатата година во воената поморска база Рота во Шпанија  беа распоредени два американски разурнувачи за противракетна одбрана, додека оваа година се очекува распоредување на уште два слични брода. Продолжува и изградбата на копнените комплекси за ПРО во Романија и Полска, а САД и нивните сојузници ги зајакнуваат и елементите на системот за противракетна одбрана во азиско-тихоокеанскиот регион.  

„Ние не можеме да ги игнорираме ваквите потези на Западот и сме принудени да преземеме повратни мерки“, додаде началникот на рускиот Генералштаб. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.