Претседателот на САД Барак Обама и канцеларката на Германија Ангела Меркел во текот на телефонскиот разговор дискутираа за конфликтот во Украина и се договорија да извршат притисок врз Москва. За ова известува Асошиејтед прес повикувајќи се на прес-службата на Белата куќа.
„Обама и Меркел се договорија за неопходноста да се повика Русија на одговорност за поддршката на сепаратистите и неисполнувањето на своите обврски за мирен договор“, изјавија во Белата куќа, истакнувајќи дека лидерите на двете земји изразиле загриженост за порастот на степенот на насилство на истокот на Украина.
Канцеларката на Германија и претседателот на САД исто така се согласиле дека е потребно да продолжат да ѝ пружаат финансиска поддршка на Украина заради стабилизација на нејзината економија и спроведување на реформите, кои „ќе ја постават основата за враќање кон развојот и просперитетот.“
Во четврток, 29 јануари, ќе се одржи седница на министрите за надворешни работи на Европската Унија на кое ќе се дискутира за прашањето на реакција на ЕУ во однос на ескалацијата на конфликтот во Украина. Претходно беше соопштено дека во Брисел ги проучуваат можностите за проширување на списокот на стоки и технологии за чиј извоз во Русија предлага забрана. Европската комисија исто така може да воведе забрана за откуп на рускиот државен долг и да го прошири списокот на физички лица чии средства во Европа ќе бидат замрзнати.
Покрај ова, во текот на претстојната средба европските дипломати ќе дискутираат за можноста за исклучување на Русија од меѓународниот платен систем SWIFT.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче